Научниците предвидуваат дека до 2030 година крајбрежните градови ќе исчезнат поради поплави, обилни дождови и монсуни.
Научниците предвидоа дека неколку светски градови ќе исчезнат до 2030 година. Причината за тоа лежи во климатските промени, кои го топат поларниот мраз, го подигаат нивото на морето и го менуваат времето. Вака се случуваат силни бури во области кои претходно не биле погодени од вакви природни катастрофи.
Градовите долж бреговите се изложени на поплави поради монсуните и обилните дождови и затоа полека тонат. Така, научниците дојдоа до откритие дека девет светски метрополи ќе потонат до 2030 година:
Можеби ќе ве интересира: Kои популарни европски градови ќе воведат туристички такси во 2023?
Нивото на морето во Мајами брзо се зголемува и ѝ се заканува на градската инфраструктура со поплави кои ја загадуваат водата за пиење. Градските водачи ќе мора да подигнат одредени структури над водата за да го спасат градот.
Овој град е изграден на мека глинена почва која е подложна на поплави. Истражувањето на научниците покажало дека овој град секоја година тоне меѓу два и три сантиметри. Според истражувањето од 2020 година, Бангкок е првиот град кој ќе ги доживее главните последици од глобалното затоплување.
Холандските експерти за спречување поплави развија напреден систем на насипи, брани и други бариери кои ја држат водата подалеку од инфраструктурата и населението. И покрај тоа, тие се принудени внимателно да ги следат и надградуваат системите за да се спречат катастрофални последици. Многумина тврдат дека опасноста е неизбежна поради континуираното тонење на земјата како резултат на климатските промени.
Басра е главниот пристанишен град во Ирак, кој се наоѓа покрај силната и широка река Шат ал-Араб, која се влева во Персискиот Залив. Научниците предвидуваат дека овој сиромашен арапски град би можел делумно или целосно да биде потопен во следните десет години.
Кога станува збор за области кои наскоро би можеле да потонат поради ефектите од глобалното затоплување, Карибите се на врвот на листата. Најмногу се зборува за главниот град на Гвајана, кој се наоѓа на устието на реката Демерара во Атлантскиот Океан. Со векови Џорџтаун се бранеше од бури и други временски проблеми со огромен ѕид долг 450 километри. Ситуацијата е таква што земјата мора значително да го зајакне тој ѕид за да ги држи централните области на градот подалеку од големи оштетувања.
Поплави и тропски бури го загрозуваат делот на Хо Ши Мин долж делтата Меконг, а научниците предвидуваат дека источните делови околу реката наскоро ќе бидат непогодни за живеење. Посебно се загрозени мочуриштата на Ту Тием, а експертите посочуваат дека тие би можеле да завршат под вода и пред 2030 година.
На главниот град на индиската држава му се заканува природна катастрофа. Калкута би можела делумно да потоне до 2030 година поради големите поплави. За жал, ова е многу сиромашен дел од светот кој нема соодветна финансиска иницијатива за зачувување на традиционалниот начин на живот во оваа област.
Њу Орлеанс
Њу Орлеанс, заедно со својата богата историја и разновидна култура, тоне со една од најбрзите стапки во светот. Студија на НАСА од 2016 година откри дека целиот град би можело да биде потопен до крајот на овој век. Во 18 век, Њу Орлеанс бил целосно под нивото на морето, сто години подоцна пет проценти биле потопени, додека денес тој број пораснал на 50 проценти. Географската местоположба, но и човечката активност, вклучително и бушењето во потрага по нафта и природен гас, придонесува за непосакуваната ситуација.
Венеција тоне околу два милиметри секоја година и се соочува со големи поплави кои му штетат на градот и неговите жители. Дури 90 отсто од овој италијански град бил потопен во 2019 година, а штетната ситуација дополнително ја влошила ерозијата на крајбрежјето и испумпувањето на подземните води. Иако градот презеде неколку важни чекори, вклучувајќи го и проектот за поплавната брана Мозе, ефектите од климатските промени врз порастот на нивото на морето бараат постојан мониторинг и уште повеќе заштитни мерки.
Извор: kajgana.com