Со оваа гранка од индустријата која има голем потенцијал се занимаваат 10-на компании кои сакат да изградат домашен пазар за медицински канабис и во иднина да ги извезуваат производите направени од него.
Министерството за продуктивен развој на Аргентина очекува дека брзиот развој на оваа индустрија до 2025 година би можел да донесе 10.000 нови работни места, приход од 500 милиони долари од продажба на канабис во самата Аргентина и 50 милиони долари приход од извоз на овие производи, пренесува „Ројтерс“.
Можеби ќе ве интересира: Работата е целосно легална, а може да се заработи и до 100 илјади евра годишно
Агенцијата како пример на новиот економски „бум“ во Аргентина го наведува оној од Центарот за испитување и развој на канабис (CIDCam) во провинцијата Санта Фе којшто спроведува генетски експерименти со вкрстување на билки канабис.
Аргентина има и своја комора за канабис (ARGENCANN) која обединува околу 200 компании кои се индиректно или директно вклучени во бизнисот со индустријата со канабис кој се користи за медицински цели.
Оваа јужноамериканска држава дозволи и продажба на лекови на база на канабис во аптеките и им нареди на здравствените осигурители на општеството да ги покријат трошоците за рецепти за лекови на база на марихуана.
Рекреативното консумирање марихуана и натаму е забрането во Аргентина.
Извор: supermen.tocka.com.mk