Многу ниски плати земаат просветните работници во Венецуела. Платата на наставниците е околу 20 долари месечно, што е околу пет отсто од сумата потребна за прехранување на петчлено семејство.
Поради лошите плати и условите за работа, наставниците во државните училишта оваа година протестираа ширум државата, барајќи повисоки плати и повеќе државни средства за образованието, пренесува Блумберг. Владата не ги исполнила своите ветувања за зголемување на платите на јавните работници, па многу од нив мака мачат да ги прехранат своите семејства, пренесува Танјуг. Поради лошите услови за работа и ниските плати, меѓу 2018 и 2021 година, околу 68.000 наставници од основните и средните училишта ја напуштиле Венецуела, покажа истражувањето на меѓународната консултантска фирма „DevTech Systems Inc“. „Гладни професори не можат да едуцираат“, пишуваше на транспарент на професор кој излезе на протест.
Пред неколку години Венецуела беше во сериозна криза. Снемуваше храна на рафтовите во продавниците.