Криситјано Роналдо ги тера своите вработени да потпишуваат договори кои во себе содржат бизарни детали. Тие велат дека се исплати да се работи за фудбалерот затоа што месечните плати на готвачите, жените што чистат или батлерите е 6000 евра, плус платени им се сите трошоци.
Но, да се работи кај Роналдо не е лесна задача. Со влегувањето во неговата вила, мора да се потпишат договори со кои ќе се обврзат дека нема да зборуваат ништо за неговиот живот 70 години по неговата смрт. Работниците не смеат да зборуваат ништо за деновите поминати на работа, надвор од неговата вила.
Би можело да ве интересира: Скандал на векот: На Барса ѝ се заканува исфрлање од Европа
Затоа и Португалецот има тешкотии да најде вистински готвач. Иако платата е повеќе од примамлива, со Георгина сè уште се во потрага по вистинскиот готвач, кој може да ги задоволи нивните барања.