Според податоците на заводот за статистика Евростат, цената на јајцата во ЕУ во јануари била во просек за 30 отсто повисока отколку во јануари минатата година. Со ова, според нив, јајцата станаа една од намирниците со најголемо поскапување. Во Словенија поскапеа за 21,7 отсто.
Цените најмногу пораснале во Чешка (за 85 отсто), Унгарија (за 80 отсто) и Словачка (за 79 отсто).
На другата страна на скалата се Германија и Луксембург (и во двете 18 отсто инфлација) и Австрија (19 отсто инфлација). Во јануари 2022 година јајцата беа седум отсто поскапи од јануари 2021 година, а во јануари 2021 година беа за еден отсто поскапи од јануари 2020 година.