Владата и Министерството за образование и наука објавија дека во тек е опремување на новиот државен студентски дом во Тетово, објект кој веќе е изграден.
Новиот студентски дом кој се гради за потребите на Универзитетот во Тетово се очекува да биде подготвен за прием на студенти идната академска година.
Би можело да ве интересира: Скратен материјал за државна матура или бојкот на наставата – на средношколците им „дојде преку глава“
„Тука недостасуваше сместувачки капацитет и со заложба на Владата тој се гради согласно сите современи стандарди за квалитет“, изјави министерот Јетон Шаќири при увид на активностите.
Новиот студентски дом ќе може да прими околу 300 студенти.