Научниците тврдат дека е невозможно вселената да има мирис, но астронаутите велат дека има и е специфичен. Има неколку теории за мирисот на вселената.
Многу астронаути се согласуваат дека мирисот на вселената е специфичен и интензивен и дека е тешко да се игнорира бидејќи наликува на запалени или метални мириси - изгорено месо, испарувања од заварување или оксидиран метал. Но, најчудно во овие тврдења е фактот дека овој простор не треба да има мирис, бидејќи во него нема гасови или воздух. Како тогаш е ова можно?
Според една теорија, научниците претпоставуваат дека мирисот што го чувствуваат астронаутите доаѓа од реакција на оксидација која се јавува за време на процесот на депресуризација при влегување во бродот. За разлика од кислородот на Земјата, оној што се наоѓа во Универзумот се состои од само еден атом (О). Меѓутоа, внатрешноста на бродот е исполнета со двоатомска молекула на кислород (O₂), неопходна за дишење. Овој кислород најверојатно се лепи за оделата и алатките на астронаутите за време на вселенските експедиции и произведува реакција што доведува до формирање на озон (O₃) при контакт со двоатомски кислород во внатрешноста на бродот.
Додека друга популарна теорија сугерира дека потеклото на мирисот се наоѓа во ѕвездите што умираат. Имено, во текот на последната фаза, ѕвездите ослободуваат голема количина на енергија која произведува соединение познато како полицикличен ароматичен јаглеводород, кој потоа се движи низ вселената и на тој начин создава нови ѕвезди, планети и комети.
Една од целите на НАСА беше да го создаде тој мирис за кој зборуваа искусни астронаути. Пред сè, да се симулираат условите за време на обуката за кандидатите успешно да избегнат непријатни изненадувања за време на нивниот престој во вселената.
Поради тоа во 2008 година НАСА го ангажирала Стив Пирс, американски хемичар кој ја основал компанијата Omega Ingredients. Проектот беше многу успешен, а по неколку години беше донесена одлука супстанцијата да се продава во форма на парфем - да се зголеми интересот за науката преку искуствено образование.
Извор: kajgana.com