Граѓаните имаат законска обврска да ги сменат сите лични документи на кои наместо досегашното име Република Македонија, треба да стои новото име, кое произлегува од Преспанскиот договор со Грција, Република Северна Македонија.
До февруари 2024 година, граѓаните имаат законска обврска да ги сменат сите лични документи на кои наместо досегашното име Република Македонија, треба да стои новото име, кое произлегува од Преспанскиот договор со Грција, Република Северна Македонија. Тоа значи дека граѓаните, кои до сега тоа не го сториле, ќе мора да сменат лична карта, пасош, возачка дозвола, сообраќајна дозвола но и регистарски таблички. Дополнително, ќе треба да сменат и активни договори со претпријатија за јавни паркиралишта, бидејќи старите повеќе нема да им важат. Трошокот за промената на документите е на секој граѓанин поединечно, па така, доколку треба да се променат повеќе документи, кои се со важност и после февруари 2024 година, сметката за тоа може да е околу 4.000 денари по човек.
Би можело да ве интересира: Денеска завршува обврската за поседување зимска опрема во возилата
Колку чини замена на документите и табличките
Ова се сумите потребни за изработка или замена на личните документи, како и промена на регистарските таблици.
1. Замена на лична карта – 190 денари
2. Возачка дозвола во редовна постапка (280 денари за образецот, 110 денари административна такса) – вкупно 390 денари
2.1 Возачка дозвола во редовна постапка, кога дозволата не е важечка (280 денари за образецот, 170 денари административна такса) – вкупно 450 денари
2.2 Возачка дозвола во итна постапка (840 денари за образецот, 110 денари административна такса) – вкупно 950
3. Сообраќајна дозвола (200 денари за образецот, 110 денари административна такса) -вкупно 250 денари
4. Регистарски таблици за моторно возило (1.200 денари за образецот, 50 денари административна такса) -вкупно 1250 денари
5. Издавање на патна исправа
5.1 Пасош за деца до 4 години (1.500 денари за образецот, 100 денари административна такса) – вкупно 1.600 денари
5.1.1 по итна постапка (4.500 денари за образецот, 100 денари административна такса) – вкупно 4600 денари
5.2 Пасош за лица од 4 до 18 години (1.500 денари за образецот, 200 денари административна такса) – вкупно 1.700 денари
5.2.1 по итна постапка (4.500 денари за образецот, 200 денари административна такса) -вкупно 4700 денари
5.3 Пасош за лица од 18 до 27 години (1.500 денари за образецот, 200 денари административна такса) – вкупно 1700 денари
5.3.1 по итна постапка (4.500 денари за образецот, 200 денари административна такса) вкупно 4.700 денари
5.4 Пасош за лица над 27 години (1.500 денари за образецот, 300 денари административна такса) – вкупно 1.800 денари
5.4.1 По итна постапка (4.500 денари за образецот, 300 денари административна такса) – вкупно 4.800 денари
текстот е превземен од novamakedonija.com.mk
автор: Даниела Трајковска Здравеска Софија Саздовска