Секоја година се поголем е бројот на македонски граѓани кои одлучуваат да студираат надвор од земјата.
Одлуката да заминат од Македонија и да студираат, како што велат, пред се ја носат поради можноста да се стекнат со квалитетно образование и дипломи, со кои потоа полесно ќе можат да направат кариера во некоја од европските земји.
Ако пред дваесетина и повеќе години, тренд беше студирањето во Белград и Софија, последниве неколку години како прв избор кога се работи за студирање надвор од Македонија е Словенија.
За ова придонесоа поволностите што словенечката Влада ги дава за привлекување на студенти од странство, преку стипендии за оние кои доаѓаат од земјите од Западен Балкан и оние од ЕУ.
Словенија стана „ветена земја“
Од академската 20117/2018 година до последната 2021/2022 година, на државните универзитети во Словенија има вкупно 5 224 студенти.
Според податоците кои Само прашај ги доби со посредство на Амбасадата на Словенија кај нас, може да се констатира дека бројот на оние кои одлучуваа да студираат во Словенија расте од година во година. Така ако во учебната 2017/2018 година таму заминале 783 македонски државјани, во 2018/2019 година тој број е 874, во 2019/2020 година 1 025, во 2020/2021 година изнесува 1 235, а во оваа академска година, односно 2022/2023 на државните факултети во Словенија студираат 1 307 македонски државјани.
Целиот текст прочитајте го на samoprasaj.mk