Македонија од овој месец влегува со минимална плата од 20.175 денари, што е двојно зголемување на минималецот од 2016-та година.
Но колку се атрактивни мминималните плати во регионот?
Согласно последните најсвежи податоци до кои дојдовме Хрватска е на врвот на поблиски држави со минимална плата од 30.500 денари, во Црна гора се земаат 27.700 денари.
Во Бугарија миималецот изнесува нешто над 20.500 денари и е на речиси идентично рамниште со македонската минимална плата.
Босанците добиваат минималец од 17.000 денари. Во Албанија истиот изнесува 15.000 денари, додека Косово е на дното со минималец од нешто повеќе од 10.000 денари.