Американскиот лекар Џон А. МекДугал го смислил правилото 50:50 со кое многумина успеале побрзо да го намалат вишокот килограми. Во книгата „The Starch Solution“ наведува што тоа подразбира.
Имено, секој оброк треба да го започнете со супа, салата или овошје. Секогаш пополнете 50% од вашата чинија со храна богата со скроб, а останатите 50% со храна без скроб.
Храната со висока содржина на скроб вклучува: тестенини, грашок, компири, грав, кафеав ориз, јачмен итн.
Некои од намирниците кои не содржат скроб се: брокула, спанаќ, моркови, краставици, пиперки, модри патлиџани итн. МекДугал советува да се обидете целосно да ги исфрлите месото и јајцата од исхраната.
Исто така, треба значително да го намалите внесот на шеќер, сол, масло, висококалорична храна како леб, колачи, бисквити, житарици, крекери и слично.
Следејќи ги овие правила, јадете секогаш кога ќе почувствувате глад. Не се изгладувајте. Треба да вежбате најмалку 30 минути или да шетате секој ден.