Денеска во светот постојат илјадници марки и модели на автомобили. Сигурно некои од вас некогаш сте се запрашале што всушност некои од тие имиња на марки на автомобили значат, и како го добиле името?
Произведувачите на автомобили ги именуваат своите автомобили на начин што тие сметаат дека ќе му даде свој печат или белег на автомобилот, по што истиот би бил секаде препознатлив.
Во продолжение ќе ви претставиме имиња на некои од најпознатите марки и модели на автомобили во светот со појаснување што тие значат и како го добиле името.
Volkswagen
Golf & Polo
Една од најраспространетите марки на автомобили ширум светот е Volkswagen Golf. Сигурни сме дека сте помислиле дека името на овој автомобил е според спортот голф. Но, всушност не е така. Интересен е фактот што ниту Volkswagen Golf, ниту Polo не се именуваме според истоимените спортови, туку верувале и или не според одредени ветрови или струи. Па така, Golf е именуван според Голфската струја, а Polo, според поларните ветрови.
Passat
Слично како и имињата на моделите Golf и Polo, така и овој модел на Volkswagen името го добил по постојаните ветрови наречени Пасати.
Tоuareg
Дизајнерот на овој модел бил инспириран од Туарезите, главните жители во внатрешноста на Сахара.
Eos
Името на овој модел потекнува од Грчката митологија каде Еос е име на грчката божица на зората.
Porsche Cayenne
Именуван по еден вид на чили пиперка (piquant cayenne pepper), со лансирањето на Cayenne, Porsche го зачини пазарот на теренски возила. Храбро име е избрано за овој модел на Porsche.
Ford
Оваа компанија за автомобили често користи англиски ознаки при именувањето на своите модели и не користи некои невообичаени термини.
Ford Fiesta
Овој модел е именуван во чест на новата фабрика која Ford ја отворил во Шпанија. Поради тоа името на овој модел потекнува од шпанскиот збор fiesta што значи забава.
Ford Mustang
Интересен е фактот што иако многумина мислат дека името на овој модел потекнува од расата на коњи кои живеат во западниот дел на САД, сепак Ford тврди дека дизајнерот го избрал името според борбениот авион Mustang кој бил користен за време на Втората светска војна.
Ford Mondeo
Овој модел на Ford пак го добива своето име според латинскиот збор mundus што во превод би значело свет.
Toyota
Во продолжение ќе ви претставиме некои од моделите на Toyota и според тоа како се именувани, односно од каде инспирацијата баш за такви имиња на нивните модели на автомобили.
Toyota Corolla
Името на овој модел на Toyota всушност е термин кој се користи за да се опишат ливчињата на едно цвеќе кои формираат прстен околу внатрешниот дел на цветот. Целта на ова име е да претставува еден впечатлив, елегантен и пред се, компактен дизајн на автомобилот.
Toyota RAV4
Името RAV4 се всушност првите букви од англискиот термин за рекреативно возило Recreational Activity Vehicle, додека четворката се однесува на тоа што овој модел на Тојота има погон на четири тркала.
Toyota Yaris
Уште еден модел на автомобил именуван според Грчката митологија. Во овој случај името потекнува од грчкиот збор Charis кој укажува на една од божиците на убавината и елегантноста, и германскиот збор Ya што значи “да”.
Hyundai
Зборот Hyundai има корејско потекло и преведено значи модерност. Познато е дека Hyundai своите SUV модели на автомобили ги именува според одредени локации во Америка.
Hyundai Kona
Овој модел на Hyundai е именуван според областа Кона на Хаваи.
Hyundai Santa Fe
Hyundai Santa Fe го именува овој модел на автомобил според главниот град на Ново Мексико, Санта Фе. Од компанијата кажуваат дека токму со името на овој модел сакале да ја претстават можноста која овој модел ја нуди за авантура на отворено.
Hyundai Тусон
Овој модел на Hyundai е именуван според градот Tucson во Аризона, САД.