Најголемиот регионален состанок на експерти за човечки ресурси кои знаат дека вработените се срцето и душата на секоја компанија, а грижата за нив е предуслов за деловен успех, ќе се одржи на крајот на летото - на 20 и 21 септември во Ровињ.
Ако прашате некој којшто присуствувал барем еднаш на настанот, шансите се големи да наидете на следниот коментар:
„Конференцијата HR Days е едно од оние незаборавни места што треба да ги посетите... и на кои ќе се враќате повторно и повторно!“
Имено, во текот на своето десетгодишно постоење, конференцијата HR days се здоби со статус на незаменлива дестинација за сите HR професионалци кои разбираат дека вработените се срцето и душата на секоја компанија.
Во исто време, конференцијата на сите посетители им нуди единствена можност да дознаат како да ги привлечат и задржат најдобрите работници и да запознаат луѓе кои во пракса ги примениле најновите техники и стратегии во управувањето со човечки ресурси.
За среќа, можноста за посета на конференцијата не припаѓа на минатото, туку се нуди повторно оваа година, на 20 и 21 септември во еден од најубавите градови во Хрватска (и пошироко!), во Ровињ!
На овогодинешното единаесетто издание на конференцијата ќе се соберат некои од најдобрите предавачи од светот на човечките ресурси, кои ќе не запознаат со актуелни теми и трендови како што се: HR стратегија, HR Business Partner, Learning&Development, Total Rewards и Employee Experience.
Покрај предавањата на водечките експерти во индустријата, овогодинешната конференција ќе понуди и различни корисни работилници, панел дискусии и мастерклас .
Секако, свесни за фактот дека теоријата е одлична, но практиката е сепак „закон“, во рамките на конференцијата ќе бидат доделени награди на компании кои можат да се пофалат со Најдобрите регионални практики за човечки ресурси. Тоа е одлична можност од прва рака да дознаете како успешните компании се справуваат со предизвиците во управувањето со вработените и кои решенија ги користат за подобрување на нивниот бизнис.
Не смееме да заборавиме на забавата...
Сепак, HR Days никогаш не биле само за стекнување нови знаења и вештини, туку и за поврзување со колегите и одличен помин. Затоа, по значаен и вреден ден исполнет со информации, не смеете да ја пропуштите забавата HR Nights!
Годинава генијалниот Матија Цвек ќе не натера да заиграме со неговите хитови, кој ќе не држи будни до доцна во ноќта.
Ровињ е прекрасен град, а конференцијата HR Days ќе ви даде можност да го запознаете на најдобар можен начин.
Затоа, доколку сакате да научите нешто ново за управувањето со човечките ресурси, да се запознаете со некои од најдобрите експерти во оваа област, да се дружите со колеги од целиот регион и да создадете незаборавни спомени на кои постојано ќе се навраќате, не пропуштајте ја HR Days конференцијата.
Се гледаме во Ровињ!