Секторот Компјутерско програмирање повторно се врати на врвот. Вработените во оваа бранша во текот на месец јануари ги земале највисоките плати во земјава.
Еве ја листата на највисоки исплатени нето плати во Македонија во првиот месец од годинава:
Сектор „компјутерско програмирање, консултантски и сродни дејности“ просечна нето плата исплатена во јануари изнесувала 91.259 денари.
Втори на листата со највоска плата се вработените во сектор „останати стручни, научни и технички дејности“ кои примиле 65.869 денари плата минатиот месец.
Би можело да ве интересира: До крајот на март може да се аплицира за парична помош за бебиња родени во Аеродром
По нив следува сектор „Складирање и помошни дејности во превозот“ каде просечната ипслатена нето плата достигнала 59.693 денари.
Четврти на листата се вработентие во воздухопловство. Имено во сектор „Воздухопловен транспорт“ просечната плата била 56.100 денари. Интересен е фактот дека во овој сектор вработените минатиот месец имаа убедливо највисока плата. Имено, тие беа на самиот врв и просекот во овој сектор изнесуваше високи 94.537 денари.
Последни на листата меѓу работници со највисоки топ пет плати во земјава се вработени во секторот „Производство на основни фармацевтски производи и фармацевтски препарати“ каде просечната нето плата во јануари била 53.893 денари.
Споредбата со минатиот месец покажува дека во текот на јануари исплатените просечни нето плати се за нијанса пониски отколку во декември.
Проверете колку плата заработуваат другите на вашата позиција преку бесплатната алатка за плати Моја Плата на ЛИНКОТ.