Апликацијата е усогласена со новите измени, па граѓаните ќе можат да скенираат, без да навлегуваат во надминат износ.
И покрај тоа што од УЈП објавија дека граѓаните за првиот квартал наместо досегашните 1.800 денари, ќе добијат исплата од 2.100 денари, граѓаните се жалеа дека апликацијата Мој Ддв не е функционална и не е адаптирана на новите измени.
Можеби ќе ве интересира: Од следната недела поевтинува брашното
Да потсетиме, Директорката на УЈП, Сања Лукаревска, на својот Фејсбук профил објави дека „пратениците дадоа зелено светло за измените и дополнувањето на Законот за враќање на дел од ДДВ-то на физичките лица. Со оваа измена се овозможува зголемување на прагот на поврат на дел од ДДВ-то од 1.800 на 2.100 денари за едно тромесечје. Првите зголемени суми, корисниците на апликацијата #МојДДВ ќе ги добијат со исплатите во мај за скенираните фискални сметки во периодот јануари – март 2023 година“ објави таа.
„Сепак, на граѓаните не им беше јасно како да скенираат, бидејќи, кога ќе се отвореше апликацијата, секоја скенирана сметка што беше над лимитот од 1.800 денари, ја покажуваше во надмината состојба со црвена боја. Така се оставаше впечаток дека залудно се скенираат сметки, иако износот од повратот се пресметува над тие 1800 денари“, објавивме утринава.
Сепак, сега апликацијата е усогласена, и граѓаните до крајот на месецов можат слободно да скенираат до лимитот од 2.100 денари.
Извор: faktor.mk