Во 2021 година очекуваниот животен век при раѓање во ЕУ бил 80,1 година. Во 2019 година очекуваниот животен век во ЕУ достигна 81,3 години, но потоа се намали за 0,9 години на 80,4 во 2020 година и во 2021 година за дополнителни 0,3, веројатно поради неочекуваниот раст на смртноста од ковид-19, покажуваат податоците на Евростат.
Очекуваниот животен век кај нас за една година е намалена за 1,2 години од 74,4 години во 2020 на 73,2 во 2021 година. Ова е трето намалување по ред, по пикот од 76,7 години во 2018, па падот на 76,6 во 2019 и 74,4 во 2020 година.
И во 2021 година во ЕУ очекуваниот животен век за жени е 82,9 години, и останува повисок споредено со тој кај мажи – 77,2 години, исто како и кај нас – 71,1 година за мажи и 75,5 години за жени.
Од земјите во регионот најмал очекуван животен век има Бугарија – 71,4 години, по што следи Србија со 72,8 години. Поголем очекуван животен век од нас има Црна Гора – 73,8 години, Албанија – 75,5 и Хрватска со 76,7 години.
Меѓу 2002 година, првата година за која се достапни податоци за сите земји членки на ЕУ, и 2021 година, очекуваниот животен век во ЕУ е зголемен за 2,5 години од 77,6 на 80,1 година. Растот е две години за жени и 2,9 години за мажите.
На ниво на држава, највисок очекуван животен век при раѓање имаат Шпанија – 83,3 години, Шведска – 83,1 година и Луксембург и Италија со по 82,7 години, додека најнизок Бугарија – 71,4 години, Романија – 72,8 години и Латвија – 73,1 година.