Еден професионален готвач откри што никогаш не би нарачал за испорака до дома од ресторан.
Помфрит
Помфритот најдобро е да се јаде веднаш откако ќе се извади од фритеза. Има многу краток рок на траење. Кога ќе го ставите во картонска кутија, ја губи сета крцкавост.
Јајца
Омлет и слични јадења направени со јајца не се добри за испорака. Ако чекате за испорака, ризикувате да добиете лепливо јадење што никој нема да сака да го вкуси. Најдобро е омлетот сами да го подготвите дома и веднаш да го послужите.
Начос
Ова јадење е најдобро да се јаде веднаш, бидејќи само тогаш е вистинското нешто – комбинација од крцкав чипс и кремаст свеж прелив. Ниту најцврстите чипсови не можат да ја издржат „тежината“ на салсата, павлаката и гравот за време на транспортот. Наместо свежа храна, ќе добиете каша што не може да се јаде.
Би можело да ве интересира: Оваа европска земја забранува фрлање на храната: Гостите ќе може да си го однесат дома она што нема да го изедат во ресторан