Ако лани во земјава се возеле околу 150 електрични возила, очекувањата се дека до крајот на оваа година нивниот број ќе се зголеми најмалку двојно.
Такви се очекувањата на продавачите на овој тип возила. Возилата на електричен погон се поскапи и затоа можеби помалку достапни за граѓаните од земјава, но Златко Муцунски, генерален директор на „Порше Македонија“, за „Блумберг Адрија“ вели дека интересот за ваков тип автомобили е во постојан пораст. „Зголемувањето е постепено, но постојано и стабилно“, вели тој.
Податоците од Царинската управа го докажуваат тој тренд. Ако се анализира популарната „тесла“, податоците се следните - во 2021 година во Македонија скромно биле увезени само три автомобили од овој тип, но веќе лани, или во 2022 година, бројката се искачила на 18. Заедно со возилата на електричен погон од други производители, според податоците на царината, во земјава лани влегле 52 електрични возила.
Бројката е мала ако се спореди со вкупниот увоз на возила во земјава, но важен е трендот, кој е нагорен. Расте увозот и на хибридни возила, лани влегле 251 таков автомобил.
Целиот текст прочитајте го на: mk.bloombergadria.com