Сојузот на средношколци пред две недели до МОН и до Владата достави четири барања за олеснување на полагањето на државната матура, а едно од нив беше смена на датумот на кој ќе се полага првиот екстерен предмет од 27 мај на 3 јуни. МОН вчера го одби ваквото барање поради веќе утврдениот календар за одржување на учебната година, а како алтернатива понуди намалување на обемот на испитот
Освен барањето за смена на датумот на кој ќе се полага првиот екстерен испит, Сојузот на средношколци имаше уште три други барања кои вчера беа веднаш прифатени од Министерството за образование
Наместо да се менува датумот на кој ќе се полага, првиот екстерен предмет од државната матура, односно тестот по мајчин јазик, годинава ќе биде со намален број прашања и наместо досегашните 100 поени ќе носи максимум 80 поени. Ова вчера го понуди Министерството за образование и наука (МОН), сега официјално е прифатено од Сојузот на средношколци по синоќешното Генерално собрание.
„Генералното собрание по долга дискусија ја прифати алтернативната понуда на МОН – наместо одложување на датумот на првиот екстерен испит, да се намали обемноста на испитот. Тој ќе носи од 60 до 80 бодa, наместо досегашните од 80 до 100, што значи дека ќе има намалување на бројот на прашања“,информира Сојузот на средношколци.
Сојузот на средношколци пред две недели до МОН и до Владата достави четири барања за олеснување на полагањето на државната матура, а едно од нив беше смена на датумот на кој ќе се полага првиот екстерен предмет од 27 мај на 3 јуни.
МОН вчера го одби ваквото барање поради веќе утврдениот календар за одржување на учебната година, а како алтернатива понуди намалување на обемот на испитот.
За МОН се прифатливи дел од барањата на Сојузот на средношколците, но нема поместување на датумот за првиот екстерен испит
Освен барањето за смена на датумот на кој ќе се полага првиот екстерен испит, Сојузот на средношколци имаше уште три други барања кои вчера беа веднаш прифатени од Министерството за образование.
За МОН е прифатливо барањето Владата да им препорача на универзитетите промена на соодносот на поени од испитите при упис на факултет, односно наместо сегашните 24 екстерните да носат 20 поени, а интерните да носат 16 наместо 12 поени и проектната задача – четири поени.
Сојузот на средношколци со конкретни барања до Владата и МОН за одржувањето на државната матура
На универзитетите ќе им биде препорачано и првиот екстерен испит, односно испитот по мајчин јазик (македонски, албански, турски), да се смета за соодветен на сите студиски програми, што значи дека оценката од овој испит ќе се множи со повисок коефициент.
Сојузот на средношколци и МОН се согласија и околу тоа наставниците да ги споделат базите со прашања за интерните испити најдоцна четири недели пред испитот и тие да содржат трипати поголем број прашања од бројот на прашања на испитот.
Сето ова, според Сојузот на средношколци, ќе ѝ биде во корист на оваа генерација матуранти, која, како што велат оттаму, е најмногу погодена од прекините на наставата.