Кој е Христијан, која е Магна, кои се нашите вредности? Погледнете и вие во една успешна Магна приказна
Во Магна веруваме дека вработените се клучот за нашиот успех. Нашите вработени, предводени од суштинските вредности се охрабрени секогаш да превземаат одговорност и да соработуваат тимски. Размислувањето без граници и стремењето да постигнат повеќе, ги предизвикуваат да искористат една од многуте можности за раст во компанијата.
Христијан е еден од нашите колеги кои ја зграби оваа шанса, и донесе одлука што му даде нова насока во кариерата. Тој ни открива како од Оператор во производство стигнува до позиција Инспектор во квалитет, како го совладува процесот од другата страна, што е неговата мотивација во Магна и кој е неговиот двигател за остварување на неговите професионални цели.
Христијан: Мојата приказна започнува пред неполни две години кога започнав во Магна на позиција оператор во производство. Со голема посветеност, учење на процесите, процедурите правилата, после аплицирањето „запливав“ во водите на одделот за квалитет на позиција Инспектор за квалитет. Културата на компанијата ја поттикна мојата желба да се посветам на исполнување на мојата цел – да ја градам својата кариера, да учам за да можам да напредувам и јас и Магна.
Јас секогаш се водам по една изрека – “Клучот за успехот е вербата во себе и превземање на акција”. Со аплицирањето на новата позиција – го направив токму тоа.
Христијан Донески
Инспектор за квалитет во Магна
Како Инспектор за квалитет како се одвива еден твој типичен ден?
Еден типичен ден на инспектор за квалитет ми започнува пред се со доаѓање на работа и пиење кафе со колегите и една кратка пинг понг партија :) Потоа се среќаваме со колегите од претходната смена каде што јас ја преземам смената и тука официјално ми започнува мојот работен ден. Тековниот ден зависи од обемот на работа кој го имаме, но секако и од неочекувани предизвиците кој можат да се случат, и секако проверка на самите процеси за тоа каде можеме да се подобриме.
Кој бенефит од работењето во Магна најмногу ти се допаѓа / ти е омилен?
Најмногу ми се допаѓа моментот на споделување знаење, информации и новости како во компанијата така и во сродната индустрија и за самите производи, а омилен дел во работењето ми е можноста пред се за напредок и праведниот третман кој е срцето на нашата Магна култура.
Што сметаш дека е најпредизвикувачки во врска со твојата позиција во Магна? Најнаградувачки?
Најпредизвикувачки ми е моментот на анализа и користење на алатките за решавање на проблеми, подобрување на самиот процес, а најнаградувачко ми е тоа што пред се можам многу да откријам за продуктот и да истражам понатаму подетално.
Како ти се охрабруваш за редовно да напредуваш?
Ме охрабрува предизвикот да решавам проблеми од кои можам доста да научам и да го унапредам моето знаење во самиот процес и дополнително да си го олеснам секојдневното работење како мене, така и на колегите, збогатување на моето искуство но секако и напредок за мојата краиера.
Што според тебе е најдобриот дел во работењето во Магна?
Пред се безбедно и сигурно работно место, можноста за запознавање нови луѓе, раѓање на нови пријателства, и најважно за мене е што во компанијата сите се третираме праведно. Исто така како човек кој обожава спортови, можноста за спортските активности и дружбата со колегите е исто еден голем бенефит за мене.
Приклучи се и ти, и биди дел од тимот на Магна....