Општините да бидат задолжени да вршат стерилизација, да се прават построги контроли за чипирањето и да се изрекуваат поголеми казни за напуштање на миленик побараа активистите на состанокот на интерпартиската парламентарна група во парламентот.
Ова се дел од предлозите за измени во законот за решавање на проблемот со се поголемиот број на улични кучиња.
Во полициските билтени речиси секојдневно има по неколку регистрирани случаи за нападнати граѓани од улични кучиња. Судската пракса покажала дека локалните власти исплаќаат огромни средства за тужби од граѓани, па експертите побараа при ваков случај, задолжително да се фотографира повредата.
Би можело да ве интересира: Секоја година во ист месец ги каснува куче – докази за новиот растечки „бизнис“ во земјава
Ова е втор состанок на интерпарламентарната Зелена група на кој учестуваа и од АХВ, ЈП Лајка, активисти од повеќе здруженија за заштита на животните.