На Instagram профилот Travelogues објавено е интересно видео кое ги издвојува 12-те најбизарни закони во Соединетите Американски Држави, а на листата се наоѓаат прилично чудни работи - од одење наназад, слонови и паркинзи, хипнотизирани луѓе до лажни мустаќи.
„Секоја сојузна држава во САД има некој чуден закон, а листата на бизарности е долга. Ова е само една од листите“, наведуваат тие во описот на видеото кое ги издвојува 12-те најбизарни.
Прв на листата е наведен закон од Алабама, каде што е забрането да се носат лажни мустаќи во црква бидејќи би можело да насмеат некого. Следува Ајова, каде пијанист со една рака мора да настапи бесплатно, а потоа Невада, каде маж со мустаќи не смее да бакнува жени.
На четврто место е Тексас, каде законот забранува пукање во бик од вториот кат на хотел, а потоа следува Калифорнија каде е забрането да се јаде портокал додека се бањате во када.
Можеби ќе ве интересира: Најголемата колекција на човечки мозоци се наоѓа во Данска
Списокот на бизарни закони за кади не завршува тука: во Јужна Каролина е исклучиво забрането да се чуваат коњи во кади.
Во Ајдахо, маж не смее да ѝ даде на девојка кутија бонбони тешка повеќе од 22,5 килограми, а законот во округот Мохаве, Аризона наведува дека секој што ќе биде фатен како краде сапун мора да се мие без прекин додека не се потроши сапунот.
Градот Девон во Конектикат забранува одење наназад по зајдисонце, а ако врзете слон за паркинг метар во Флорида - треба да платите иста цена за тоа како што би платиле за автомобил.
Во Илиноис е нелегално да се донесе француска пудлица во опера, додека во Оклахома е нелегално да се стави хипнотизирана личност во излог.
Извор: kajgana.com