
Министерството за внатрешни работи му предложи на Собранието итно да се донесе нов Закон за прекршоци против јавниот ред и мир со драстично повисоки казни.
Хрватското МВР поднесе предлог за измена на Законот за прекршоци против јавниот ред и мир со што драстично се зголемуваат казните.
Досега највисоката казна за некои прекршоци беше 170 евра, а според предлогот на хрватското МВР, горната граница во иднина ќе биде дури 4.000 евра, пренесуваат хрватските медиуми.
Можеби ќе ве интересира: Баба оставила милионско богатство на водоинсталатер, семејството шокирано, адвокатите немоќни
Според тоа, максималната казна од 4.000 евра ќе им се заканува на оние кои го нарушуваат јавниот ред и мир „со изведување, репродукција на песни, композиции и текстови или носење или прикажување симболи, текстови, слики, цртежи“. Досега казната за овој прекршок беше од 20 до 150 евра.
Извор: infomax.mk