Германската Левица ги поддржа плановите на најголемиот синдикат на металопреработувачите ИГ Метал да воведе четиридневна работна недела со целосна плата.
„Четиридневната недела не е нереална фантазија, туку одамна е практика во некои земји“, изјави за агенцијата ДПА копретседателот на Левица, Мартин Ширдеван.
Искуствата од Шведска, Исланд или Белгија покажуваат дека четиридневната работна недела го намалува обемот на работа и ја зголемува продуктивноста.
„Тоа значи повеќе време за живот и помалку стрес“, рече Ширдеван.
Шефот на преговарачкиот тим на ИГ Метал за челичната индустрија во северозападниот дел на Германија, Кнут Гислер, најави дека ќе влезе во следната рунда колективни преговори со барање да се воведе четиридневна работна недела со целосна плата.
Шефот на синдикатот Јерг Хофман рече дека ваквото барање како принцип одекнува надвор од челичната индустрија.
Ширдеван образложи дека четиридневната работна недела ги намалува транспортните трошоци и трошоците за енергија, што е исто така добро за климата.
„Покрај тоа, четиридневната недела ќе ги направи поатрактивни сектори кои сега се жалат на недостаток на работна сила“, додаде Ширдеван.
Извор: vreme.mk