Мирко Димишковски е доставувач во Пост Експрес. Од него дознавме дека Пост Експрес е едно големо семејство кое се грижи за своите вработени и им дава обука како да бидат најбрзите и најдобрите на терен, дека има цел тим позади себе кој секогаш помага и го поддржува и дека благодарејќи на својата работа израдувал многу славеници, носел подароци за многу новороденчиња, но за жал, до сега немал прилика да достави цвеќе... Прочитајте повеќе како е да се биде Доставувач во Пост Експрес:
1.Како изгледа денот на еден Доставувач во ПОСТ ЕКСПРЕС?
Работното време ми започнува со пристигнување во магацинските простории на Пост Експрес Македонија ДООЕЛ Скопје на ул.Благоја Стефковски бр.30 Скопје, по што колегата од магацин ме задолжува со листа со пратки кои тој ден треба да ги доставувам на реонот на кој сум распореден. Откако ќе ја добијам листата, пратките од листата ги товарам во возилото со кое сум задолжен да ја извршувам работата, и излегувам на терен. Согласно листата со која сум задолжен а на која се наведени и адресите за достава, самостојно се организирам по кој распоред ќе ја извршувам доставата на пратки. Во текот на денот, од страна на call центарот на Пост Експрес Македонија ДООЕЛ Скопје, примам повици за преземање на пратки од наши клиенти чие седиште се наоѓа на реонот на кој доставувам. По завршувањето на работното време, се враќам во магацинските простории на Пост Експрес Македонија ДООЕЛ Скопје, при што најпрво се раздолжувам во магацин со пратките кои сум ги подигнал од клиенти, потоа се раздолжувам со пратките кои се со неуспешен обид за достава, по што се раздолжувам во благајна со доставниците од пратките кои успешно сум ги доставил. Со тоа завршува и еден мој работен ден.
2. Кога почнува, кога завршува работното време?
- Моето работно време е напоредно една работна недела од 08 часот до 16 часот а секоја втора од 09 часот до 16 часот и сабота од 09 часот до 14 часот. Најпрвин го започнуваме денот со достава на пратките кои ги имаме, а при крај на работното време ги собираме и новите пратките од нашите клиенти кои ги имаат за следно доставување.
3. Што ако доставувачот не го знае местото на кое треба да ја достави нарачката?
-На почетокот на моето вработување во Пост Експрес Македонија ДООЕЛ Скопје, поминав обука за реонот на кој ја вршам доставата, и добив напатствија како полесно да ја извршувам работата и доколку имам проблем со одредена локација на кој начин да постапам во таа ситуација. Во секој случај, најчесто ги знаеме адресите каде доставуваме, но доколку дојдеме во таква ситуација каде не ни е познато местото, го контактираме нашиот тим од call центар или одговорното лице за логистика, при што ја добиваме потребната помош во однос на локацијата која ја бараме. Ние секогаш се грижиме пратките да бидат доставени на правото место.
4. Што ако ја однесе на погрешно место?
При достава на пратки задолжително прашуваме дали станува збор за примачот наведен на самата пратка, и на тој начин значително се намалува ризикот од грешка при достава. Но, и доколку настане грешка при достава на пратки нашиот тим за контрола на квалитет на достава на пратки има своја процедура при таков случај и на нас како доставувачи ни излегува во пресрет при утврдување и отстранување на ваков вид на грешки.
5.Која е најневообичаената нарачка која некому сте ја доставиле?
-Најчесто пратките се запакувани и не ја знаеме содржината на самата пратка, но сме имале прилика да доставуваме подароци за родендени, новороденчиња и слични убави прилики кои биле убаво спакувани и впечатливи.
6.Дали и колку често доставувате цвеќе?
- Јас лично не сум имал прилика да доставувам, но доколку ја имам, со задоволство ќе биде доставена.
7.Што значи да се биде дел од тимот на Пост Експрес?
-Да бидеш дел од тимот на Пост Експрес Македонија, значи да бидеш дел од едно големо семејство, каде покрај работа, има многу дружба, колегијалност, разбирање и почит. Секој труд е ценет и награден. Се работи во една динамична средина, каде сите функционираме брзо, одговорно и заедно тежнееме да ја остваруваме целта, Пост Експрес Македонија да биде една од најпрепознатливите пошти за брза достава.
Сакаш да работиш на позицијата ДОСТАВУВАЧ во ПОСТ ЕКСПРЕС - АПЛИЦИРАЈ НА ЛИНКОТ!