
Сонот на многу љубители на виното го исполни една винарија во Италија која е наречена „Фонтана дел Вино“ од која тече вино.
Фонтаната се наоѓа во регионот Абруцо во градот Калдари ди Ортона на аџилакот до Сан Томазо, кој ги поврзува градовите Рим и Ортона.
Инаку, оваа патека за аџилак е долга околу 113 километри и на туристите им нуди многу историски знаменитости на својот пат.
Пешачката тура завршува во базиликата Свети апостол Тома, каде се наоѓаат посмртните останки на Исусовиот апостол.
Фонтаната е создадена во 2016 година во рамките на винаријата „Дора Сарче“, а виното е начин за поздравување и пречек на туристите. Винаријата препорачува умерено пиење вино.