Коморски инвестициски форум на Западен Балкан (WB6CIF), со поддршка на Европската комисија, организираше натпревар на најдобрите компании во регионот на Западен Балкан. Нелт СТ доби признание за Успешен дистрибутер во регионалниот ланец на снабдување. Комисијата, составена од по еден претставник од секоја од стопанските комори на Западен Балкан и претставник на секретаријатот на KIF ZB6, избра една компанија во оваа категорија. Свечената церемонија се одржа на 29 март во Скопје.
Наградите кои беа доделени имаат за цел да го промовираат успехот на некои од најистакнатите компании од земјите од Западен Балкан, а комисијата која одлучуваше за победниците беше составена од по еден претставник од секоја од стопанските комори и претставници на секретаријатот на KIF ZB6.
Наградата во име на Нелт ја прими Ангела Илиоска, Супервизор на логистика во Нелт СТ.
“Ова признание дополнително не поттикна да продолжиме со реализација на нови иницијативи и добра бизнис пракса“, истакна Ангела.
Годинава беа доделени 16 награди во различни категории, меѓу кои: Најголем раст на извозот, Дигитални шампиони, Шампиони во заштита на животната средина, Најиновативна компанија и Водечки инвеститор во регионот и други.
WB6 CIF е регионално здружение на национални стопански комори и претставници на индустриите од земјите на Западен Балкан (WB6: Западен Балкан 6 - Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Црна Гора, Македонија и Србија), и истата го преставува гласот на повеќе од 350,000 компании од регионот. Комората се залага за зголемување на инволвираноста на бизнис заедницата во иницијативата за промовирање на економскиот развој на земјите од Западен Балкан, со посебен фокус на поддршка на промовирањето на регионалната економска интеграција и соработка не само помеѓу земјите на Западен Балкан туку и нивната интеграција со Европската Унија.
Сакаш да станеш дел од тимот на НЕЛТ? Следи ја компанијата!