Работодавачите е многу поверојатно да вработат некој со пракса или работно искуство отколку некој со генерично CV, без никакво искуство
Праксата и волонтерското искуство ги прават кадидатите поконкурентни на пазарот на трудот. Всушност, тие им овозможуваат на кандидатите еден вид на транзиција од образовна во деловна средина.
Преку пракса или волонтирање, кандидатите за прв пат стекнуваат релеватно професионално знаење, вештини и искуство. Дополнително, тука се создаваат првите конекции кои може да ви користат во понатамошниот тек на вашата кариера.
Еве неколку причини зошто праксата е инвестиција во вашата професионална иднина:
Реално искуство
Пристапувањето во компанија како практикант ви дава можност за прв пат да почувствувате професионална работна средина. Како практикант, не сте таму само за да правите кафе и нарачки, туку да стекнете вистинско работно искуство. Праксата ќе ви помогне да научите повеќе за кариерната патека во полето за кое ќе се одлучите. Размислувајте за тоа на следниот начин – праксата ќе ви овозможи да направите тест возење на одредени работни позиции и да октриете најразлични кариерни можности.
Вмрежување
Најголемиот број практикатни додека се на пракса добиваат можност да учествуваат на голем број состаноци и настани. Преку интеракција со професионалци стекнувате нови познанства и учите како треба да комуницирате во професионална средина. Дополнително, вмрежувањето ќе ви овозможи да добиете клучни референци кои ќе ви помогнат да пронајдете нови можности за вработување.
Побогато CV
Како студент кој тукушто ги напушта факултетските ходници, мора да бидете свесни за важноста на доброто CV. Без претходно професионално искуство, речиси неверојатно е да бидете разгледани за било која работна позиција. И како ќе имате добро CV без претходно искуство? Праксата е клуч за стекнување на работно искуство додека сте студент или тукушто дипломиран кандидат. Запомнете дека работодавците е многу поверојатно да вработат некој со пракса и работно искуство, отколку некој со генерично CV, без никакво искуство.
Управување со времето
Како практикант ќе ги подобрите вашите способности за управување со времето. Доколку станете дел од динамична работна средина, треба да знаете дека секоја минута е важна. Ефикасното управување со времето е нешто што ќе ви биде потребно каде и да одите, без разлика дали присуствувате на состаноци, завршувате задачи со рокови или правите телефонски повици.
Поставување на темели за кариера
Практиканството ќе ви овозможи да се стекнете со “градежен материјал“ што ви е потребен за вашата професионална иднина. Голем борј практикантски можности ќе ви овозможат да ги поставите темелите на вашата кариера. Кога одбирате пракса, најважно е да одберете позиција и компанија кои одговараат на вашите интереси и можности. Не заборавајте дека како практикант имате можност и да се вработите. Имајте на ум дека многу компании често ја користат праксата како средство за регрутација за да се осигураат дека избраниот кандидат може совршено да се вклопи во нивниот систем.
Заклучокот е дека праксата е одлично средство со кое ќе ја зголемите својата шанса за вработување и ве подготвува да бидете подобар работник. Па, на вас останува дали сакате да инвестирате во својата професионална иднина избирајќи пракса која најдобро одговара на вашите очекувања, вештини и интереси.
ОГЛАСИ ЗА ПРАКСА
НЕТЦЕТЕРА
Autumn / Winter Internship - Ohrid
Autumn/Winter Internship - Bitola
UI design / development Internship - Skopje
Autumn/Winter Internship- Skopje
ДАТА СОЛУШОНС ГРУП