Дали во Германија важи македонската возачка дозвола? Одговорот најдете го во остатокот од овој текст, а доколку имате дополнителни прашања – пишете ни во коментар под текстот.
Дали вашата возачка дозвола важи во Германија?
Секоја странска возачка дозвола мора да се замени во Германија во рок од 6 месеци. После тоа не смеете да возите со странска возачка дозвола затоа што ве третираат како да немате дозвола (неважечки документ).
Пред да започнете со процесот на замена на возачката дозвола, проверете дали вашата возачка дозвола НЕ ИСТЕЧЕНА.
Секако исклучок се возачките дозволи издадени во земјите на ЕУ, тие НЕ мора да се менуваат, без разлика дали сопственикот на дозволата е државјанин на ЕУ или НЕ е ЕУ државјанин.
Македонска возачка дозвола
Ако имате македонска возачка дозвола – вашата возачка дозвола важи за сите категории, но код 95 не е признат.
ВАЖНО: ако имате бугарска возачка која е преведена од македонска на неа стои ознаката МК70 што значи дека е преведена од македонска и таа е исто како македонската т.е. после 6 месеци мора да се промени во германска.
Како да се замени македонската возачка дозвола за германска?
За да ја замените вашата МК возачка дозвола за германска, потребно ви е:
- Македонска возачка (оригинал)
- Пријава на адреса (Meldebescheinigung)
- Пасош,
- Биометриска фотографија, 35 x 45 mm
- Македонска возачка дозвола преведена на германски од овластен преведувач.
Наједноставно и најефтино е да ја преведете кај овластен преведувач од МК.
Потоа со преводот потребно е да отидете во канцеларијата за возачки дозволи (Führerscheinstelle) во вашиот град и таму да поднесете барање за замена на возачката дозвола. Веројатно ви е потребен термин таму за да поднесете барање за таканаречениот „Umschreiben einer ausländischen Führerscheins (Drittstaaten)“.
На терминот понесете ги документите наведени погоре и треба да платите околу 60 евра, цената зависи од град до град.
Сè вкупно чини околу 100-120 евра и трае околу еден месец.
И НАЈБИТНО: откако ќе се пријавите на адреса во Германија и потоа појдите во Македонија да положите за возачка, нема да ви се важи таа. Мора да полагате во Германија. Или пак минимум 6 месеци да се одјавите од Германија, да положите за возачка во МК и потоа да се вратите назад и повторно да се пријавите.