Според древниот фенг шуи, паричникот не е само торбичка за чување пари и документи туку тој е и важна алатка за привлекување енергија која носи богатство. Од таа причина се верува дека е важно да се избере вистинскиот паричник за себе, односно да се посвети поголемо внимание на големината и на материјалот, а посебно на бојата.
Кога купувате паричник, треба да бирате внимателно и да се фокусирате паричникот да биде поголем и да има доволно простор и прегради затоа што нередот во паричникот е една од најголемите грешки во фенг шуи. Стари картички, непотребни хартии и сметки, треба да се избегнуваат. Исто така, многу е важно парите во паричникот да бидат уредно наредени и енергијата за стекнување богатство слободно ќе тече.
Нумерологијата ви овозможува да ја одредите бојата на паричникот и да привлечете повеќе пари со собирање на сите бројки од вашиот датум на раѓање. На пример:
4.4.1989 = 4+4+1+9+8+9=35=3+5=8
1 – бронзена, златна, жолта, портокалова
2 – бела, светло зелена, зелена
3 – сина, виолетова, црвеникава
4 – индиго, сива
5 – црна, нијанси на жолта, бела, сива
6 – сите нијанси на сина, зелена
7 – виолетова, индиго (мастило), лилава (светло виолетова)
8 – црна, смарагдно зелена, смеѓа
9 – розова, црвена и виолетова
Сепак, најважно е дали паричникот ви се допаѓа, па доколку не сакате паричникот да ви биде виолетов, може да ставите некој детаљ во таа нијанса за да го добиете ефектот за привлекување пари.