Дојдете, посетете и истражете на 18-ти април!
По повод Светскиот ден на културното наследство - 18 Април ќе има бесплатен влез во сите музеи и локалитети низ државата, објави денеска на фејсбук министерката за култура Бисера Костадиновска - Стојчевска.
Според неа, македонската култура и уметност е богатство кое вреди да се погледне, почувствува и чува.
- Дојдете, посетете и истражете на 18-ти април, напиша Костадиновска - Стојчевска.