После многу труд и многу потрошени часови, успешно реализиравте проект со кој постигнавте се што сте замислиле. Го зголемивте нивото на задоволство на вработените, ги подобривте процесите и придонесовте за подобри деловни резултати. Споделете го вашиот проект со светот и учествувајте во изборот за Најдобра Регионална HR пракса!
Конференцијата HR Days, најголемата годишна средба на HR професионалцитеод Хрватска и регионот, која ќе се одржи повторно наесен (20 и 21 септември) во Ровињ, од првиот ден 'весла' во спротивна насока.
Наместо за пропуштените прилики, ние упорно зборуваме за големите можности кои не опкружуваат. Наместо грешки и гафови, нагласуваме фантастични потфати и правилни потези. Наместо да се жалиме на неуспеси, ние ги славиме успесите. И ги наградуваме најдобрите меѓу нас.
Имајќи го ова на ум, од 2011 година „HR светлата“ ги насочуваме кон компаниите кои го зголемуваат задоволството на вработените, квалитетот на работата и деловните резултати со нивните генијално дизајнирани, оригинални и ефективни практики.
Со други зборови, доделуваме награди за најдобрите HR практики - велат организаторите од МојПосао од Храватска.
Досега низ рацете на нивното стручно жири поминаа дури 269 одлични проекти (!), а иако често слушаме дека „сè е веќе кажано и измислено“, уникатноста и инвентивноста на поднесените практики успева да не воодушеви од година во година.
Од 2022 година, додадовме регионален шмек на наградата, дозволувајќи им на компании од Македонија, Словенија, Босна и Херцеговина и Србија да аплицираат, и оттогаш ги прогласуваме Најдобрите регионални HR практики!
Од МојПосао повикуваат, ако и вие сте меѓу оние кои дизајнирале и имплементирале проекти кои резултирале со подигнување на нивото на задоволство и ангажираност на вашите вработени, а модернизираните и подобрени процеси предизвикале насмевка на лицата на членовите на одборот, да го споделите тоа со регионалната HR заедница.
Ве покануваме да претставите практика за човечки ресурси со која сте (со секое право) горди и да учествувате во изборот на Најдобра регионална HR практика за 2023 година!
Рокот за аплицирање е до 30 јуни, а петте најдобро оценети проекти од жирито ќе имаат можност да се претстават пред публиката на HR Days конференцијата, која ќе го донесе конечниот суд и ќе утврди која практика ја заслужува ласкавата титула за најдобар.
Аплицирајте преку официјалната веб-страница, а ТОП 5-те најдобри практики ќе добијат една бесплатна котизација за овогодинешната HR Days конференција!
Станете дел од друштвото на добри примери!