Иако платата не е единственото нешто што влијае на задоволството на вашите вработени, како и на одлуката на потенцијалните кандидати да се приклучат на вашиот тим, сите знаеме дека нејзиното влијание е огромно и неоспорно.
Кошницата за отпадоци, поставена недалеку од вашето биро, на внимателно одредена оддалеченост што ви претставува доволно голем, но никако непремостлив предизвик додека играте „канцелариска кошарка“, добро сте ја наполниле со стуткани парчиња хартија. Исполнето со недоволно добри идеи. Сепак, со секој нов шут во кошот, напредувате кон зацртаната цел.
Сигурно сега си промрморевте... Да, ова е совршен текст за оглас со кој барате "појачување во вашиот тим". Истовремено, хумористичен и информативен дел кој ја опишува компанијата и вашите вредности, јасно наведени работни задачи (со акцент на најинтересните) и клучниот и незаменлив дел - сите придобивки и предности што ги нуди вашата компанија. Сепак, една работа сè уште ве мачи, ве спречува да го подготвите текстот и да го испратите до консултантот на Vrabotuvanje.com.mk за објавување на порталот.
Која плата да ja наведете во огласот за вработување? Односно, со која сума ќе привлечеме квалитетни кандидати, без да ги оптовариме сопствените финансии и да влеземе во минус?
Кога малце подобро ќе размислите, тоа е проблем кој се повторува. Па, токму пред некој ден разговаравте со еден од вашите највредни вработени за неговата иднина во компанијата и кога беше во прашање финансискиот дел од приказната, односно прашањето за покачување, се најдовте во проблем. Знаевте дека заслужува поголема плата, но која сума да ја понудите?
Ова се прашања со кои работодавачите се соочуваат секојдневно.
За среќа, решение постои и го нуди Mojaplata.mk - едноставна, брза и точна алатка за одредување на платите на вработените и креирање одржлива стратегија за наградување!
Се работи за алатка кој ги следи износите на платите за индивидуални работни места во Македонија. Истражувањето моментално опфаќа речиси 500 работни места. Собирањето на испитаниците се врши континуирано преку Интернет, а во моментов во истражувањето се активни дури 21.576 испитаници.
До податоците од истражувањето може да се пристапи во секое време, од кое било место со пристап до интернет.
Со mojaplata.mk никогаш повеќе нема да се почувствувате непријатно кога зборувате за покачување или плата бидејќи фактите се на ваша страна!
Најдете дополнителни информации на Mojaplata.mk