Ученици и млади ќе ја "спасуваат"сезоната во туристичките центри ова лето кога е во прашање дефицитот на кадар.
На испразнетите места од вработените, кои масовно заминуваат на сезонска работа во странство и ова лето ќе се ангажираат ученици од 16 години, кои лани докажале дека иако се млади можат да одговорат на зададените работни задачи. Од Хотелската асоцијација велат на еден искусен вработен во секторот може да му помагаат двајца млади помошници и пак да се постигне квалитетна услуга во хотелско угостителскиот сектор.
„Бевме позитивно изненадени од нив, многу добро изработија. Сакаат да слушаат и да напредуваат. Се направи еден убав поттик, сами се јавуваат и кажуваат кој кога завршува со школото и дека сакаат повторно да се вклучат во тие летни месеци и да ја изработат сезоната“, вели Крсте Блажески претседател на ХОТАМ
Во однос на увозот на работна сила од странски земји ХОТАМ смета дека тоа ќе помогне за пополнување на испразнетите работни места во повеќето сектори.
„Во некои од секторите ќе може, бидејќи сите зборуваат англиски. Токму така работи 30 % од Турција каде што имаме еден поголем број вработени кои се од други држави и работат во нивните објекти. Така што нешто слично би можело и овде да се примени“, вели Блажески.
Но, од професорската фела сметаат дека ова решение тешко може да се изреализира кај нас.
Недостигот на работници во угостителство од година во година е се поголем.Дефицитарни се сите гранки келнери,шанкери,собарки,рецепционери готвачи.Хрватска и оваа сезона им ги зеде поголемиот дел од работниците на домашните угостители.