Од утре почнува исплатата на пензиите кои од минатиот месец се покачени за 8,4 проценти, и тоа по следниот редослед:
Сите кои добиваат пензија во висина до 11.000 денари, исплатата ќе ја добијат на 25.04.2023 година (вторник);
На банките им е препорачано за пензии со висина 11.001-14.000 денари, исплатата да се изврши на 26.04.2023 година .; За пензии со висина 14.001-18.000 денари, исплатата да се изврши на 27.04.2023 година. и За пензии со висина над 18.001 денари, исплатата да се изврши на 28.04.2023 година.