Ново истражување во САД покажа интересни резултати кои се однесуваат на вработените жени и нивниот поглед на мајчинството.
Според добиените резултати, младите жени кои немаат деца имаат поголем успех во кариерата од нивните машки колеги, а многумина поради тоа се спремни да не создадат семејство.
Во студија, спроведена од Federal Reserve Bank of St. Louis покажа дека мајчинството и семејството се опција што повеќето млади жени ја ставаат на последно место, а наместо тоа тежнеат кон финансиска независност и успешна кариера, пренесе Women's Agenda.
Сѐ поголем број жени во САД одлучуваат да го одложат мајчинството, а како резултат на тоа значително напредуваат во професионалните кариери. Тоа резултирало со поголем просек во платите во споредба со нивните машки колеги, кои исто така немаат деца.
Многу жени целосно го исклучуваат мајчинството
Иако овие резултати можеби покажуваат позитивен тренд во бизнис светот, барем кога станува збор за висината на платите и деловниот успех на водечки позиции на жените, експертите предупредуваат дека реалноста е сосема поинаква.
Резултатите покажале дека младите жени сѐ почесто одлучуваат да го одложат мајчинството и тоа никогаш не е позитивна промена. Начинот на кој се преплетуваат професионалниот и приватниот живот денес целосно е променет, како и тоа што се смета за важно во животот.
Друго истражување на Pew Research Centrе покажа дека дури 44% од возрасните жени во Америка без деца тврдат дека не размислуваат да основаат семејство, а некои од нив се сигурни дека воопшто не сакаат бидејќи тоа би можело негативно да влијае на нивниот деловен успех и кариерата.
Извор: kajgana.com