Доделени првите Награди за Најдобар работодавач по спроведено истражување преку алатката Pulser.mk
Нема поубава и повердостојна пофалба и признание за еден работодавач од таа дадена од сопствените вработени. Токму затоа, од минатата година и официјално Vrabotuvanje.com започна со проверка на пулсот на вработените, преку алатката Pulser.mk - Првата алатка за истражување на задоволството на вработени во Македонија.
Станува збор за анонимно истражување, чии учесници се компании кои доброволно го пријавуваат своето учество, а оценката за задоволство ја даваат вработените во истата компанија.
Компаниите кои постигнаа најдобри резултати во Истражувањето на задоволство на вработени беа прогласени за Најдобри работодавачи, во рамки на свеченото доделување на наградите, организирано од Vrabotuvanje.com.
Она што и дава посебна тежина на оваа награда е тоа што ја доделуваме врз основа на оценките на вработените за нивната компанија, а тоа е всушност највредното нешто за employer branding на компаниите - потврдата од нивните вработени дека се најдобри.
Според оценките добиени од своите вработени, во истражување спроведено преку алатката Pulser.mk во текот на 2022 година, за Најдобри работодавачи беа прогласени:
- Еко Логистик
- ГрабИТ
- Жито Маркети
Компанијата Карго Партнер Логистикс беше прогласена за Најдобар работодавач во категоријата микро компании.
На настанот Vrabotuvanje.com одбележа и 20 години од своето постоење.
Новиот циклус на Pulser истражувања е веќе во тек. Можеби токму вашата компанија е следниот НАЈДОБАР РАБОТОДАВАЧ!
ПРИЈАВЕТЕ СЕ