Одделот за сечење претставува првиот процес во германската фабрика Кромберг и Шуберт која во Македонија вработува над 6.500 работници. За да започне производствениот процес, најпрво се добиваат жиците на котур, потоа се сечат, па се поставуват терминали и на крај одат на понатамошна обработка.
Со цел да ја доловиме вистинската работна атмосфера во КРОШУ и да одговориме на сите неодговорени прашања во однос на условите во компанијата, направивме интервју со Павлина Маруши – Менаџер на одделот за сечење и претподготовка.
Vrabotuvanje.com: Во кое време вообичаено пристигнувате на работа и како го започнувате Вашиот работен ден?
Павлина: Најчесто пристигнувам околу 8 часот, најпрво го собирам својот тим и заедно ја разгледуваме моменталната ситуација, проблемите кои ги имаме, изнаоѓаме решенија и ги распределуваме работните задачи за тековниот ден.
Vrabotuvanje.com: Колку долго работите во КРОМБЕРГ и ШУБЕРТ и кое Ви е најголемото достигнување во досегашната кариера?
Павлина: Во КРОМБЕРГ и ШУБЕРТ сум од самиот почеток на фабриката веќе 6 години. Започнав како менаџер на одделот за сечење и подготовка. Кога започнавме почнав со околу 10 оператори за да стигнам до бројката од 750 која е моментално. Моето најголемо достигнување во кариерата е токму оваа позиција баш поради тоа што сум одговорна за преку 750 луѓе.
Vrabotuvanje.com: Која дневна обврска ви престставува задоволство, а која потешкотија?
Павлина: Најголемо задоволство ми претставува изнаоѓањето на решение за проблемите кои ги работиме со мојот тим, а најголема потешкотија - административната работа.
Vrabotuvanje.com: Колку според Вас тимот е клучен за успех?
Павлина: Тимот е најклучната алка за да се постигни некаков успех, значи само со тимска работа можиме да работиме како што треба и да постигниме резултати најбрзо и најефикасно.
Vrabotuvanje.com: Колку често и како ги обучувате луѓето од Вашиот тим?
Павлина: Секој ден се среќаваме со различни проблеми и во изнаоѓањето на решенијата за тие проблеми сите имаме секојдневна обука и секој ден учиме нешто ново. Mеѓутоа покрај тоа, нашата фирма обезбедува обука за вработените како што се: обука за лидерство, техничка магента, обука за квалитет итн.
Vrabotuvanje.com: Кое е вашето мото за работа?
Павлина: Моето мото е дека истрајноста и посветеноста доведуваат до успех во работата.
Vrabotuvanje.com: Дали сте лидер или следбеник?
Павлина: Јас себеси се сметам дека сум лидер, се надевам дека и другите ме доживуваат на тој начин и секогаш се трудам да го водам мојот тим во вистинки правец.
Vrabotuvanje.com: Како дете што сакавте да бидете кога ќе пораснете и колку од тоа Ви се исполни?
Павлина: Отсекогаш ме интересирала техниката и мило ми е што работам во една таква техничка средина. Aвтомобилската индустрија односно КРОШУ ми ги исполни моите соништа.
Vrabotuvanje.com: Зошто ја препорачувате КРОМБЕРГ и ШУБЕР како идеална компанија за работа?
Павлина: Поради позитивната енергија која ја има тука, тимската работа, шансата за професионален напредок и секако бидејќи сме најдобри и најуспешни во Македонија и пошироко.