Вашиот профил, откако ќе го креирате, може да се гледа на 3 начина:
- Достапен за сите
- Работодавачи (кои имаат пристап до базата на биографии)
- Други посетители на страницата (регистрирани или нерегистрирани), ама само основните податоци што се наведени: Име, презиме и наслов на профилот
- Достапен само за работодавачи
- Работодавачи кои имаат пристап до базата на биографии ќе може да го видат вашиот профил
- Други посетители на страницата нема да може да ги видат основните податоци кои се наведени: Име, презиме и наслов на профилот
- Скриен профил
- Вашиот профил не е видлив за работодавачите кои имаат увид во базата на биографии, ниту за посетителите на страницата, ниту пак се видливи основните информации како што се име, презиме и наслов на профилот за пребарувачите.
Забелешка: Доколку ја изберете опцијата во поставките за приватност „Основните информации од мојот профил (име, слика, наслов на профил) се видливи за другите посетители на страницата“, со впишување на вашето име и презиме во пребарувачот Google, вашето име и презиме ќе бидат видливи како име на лице кое е корисник на порталот Вработување со корисничка сметка/профил (слично како и Facebook и LinkedIn), а податоците од биографијата нема да се видливи, како и вашите апликации на огласи за работни места. Доколку на профилот имате додадено фотографија, истата фотографија ќе биде видлива со такво пребарување како и категоријата „Наслов на профил“.