Глобалните цени на храната во април пораснаа. Поскапеа шеќерот, месото, оризот.
Глобалниот индекс на цените на храната сега е на 20 отсто повисоко ниво од рекордот постигнат во март лани по руската инвазија на Украина. Тој индекс на Организацијата за храна и земјоделство на Обединетите нации (ФАО), кој ги следи цените на најтргуваните прехранбени производи во светот, минатиот месец во просек изнесуваше 127,2 поени, наспроти 126,5 поени во март.
Индексот на цените на шеќерот скокна за 17,6 отсто во однос на март и достигна највисока вредност од октомври 2011 година. ФАО е загрижен поради намалената понуда по надолното ревидирање на производството во Индија и Кина, како и пониското производство во Тајланд и Европската унија (ЕУ).
Индексот на месото е повисок за 1,3 отсто на месечно ниво, а цените на млечните производи поевтинија за 1,7 отсто, растителното масло за 1,3 отсто, а житарките за 1,7 отсто. Откако почна војната во Украина, цените на храната скокнаа, а потоа се случи стабилизирање, но сега пак има пораст.