Пред 50 години и неколку месеци, последната личност која стапна на површината на Месечината беше Јуџин Сернан, поранешен капетан на леталото Apollo 17 на НАСА. Но, зошто од тој декември 1972 година никој никогаш повеќе не се врати на земјиниот сателит? Одговорот може да ве изненади.
Кога Нил Армстронг го направи тој мал чекор за човекот, а огромен за човештвото, многумина очекуваа дека површината на Месечината други астронаути ќе ја посетуваат почесто, бидејќи технологијата продолжуваше да напредува со голема брзина.
НАСА ветува дека наскоро ќе гледаме американски астронаути на Месечината, веќе во наредните години, веројатно уште во 2025 година, но останува прашањето зошто до сега тоа не беше направено. Според поранешниот директор на НАСА, Џими Бриденстин, тоа не е од технолошки или научни ограничувања, како што многумина би очекувале. Човекот кој за време на администрацијата на Доналд Трамп ја водеше оваа генција, во 2018 година на новинарите им го кажа следново:
„Да не постоеше политички ризик, сега ќе бевме на Месечината. Всушност, веројатно ќе бевме на Марс. Политичките ризици беа тие што спечија тоа да се случи. Програмата траеше премногу долго и чинеше премногу пари“, објасни тој.
Во минатото астронаутите кои ја посетуваа Месечината собираа камења, фотографираа и изведуваа експерименти, но програмата Apollo не им даде доволно време да воспостават трајно човечко присуство на Месечината. Меѓутоа, се чини дека тоа ќе се смени благодарение на програмата за месечевото вселенско летало Orion на НАСА, со кое се планира луѓето и да живеат на Месечината подолго време.
Говорејќи за BBC Sunday со Лора Куенсберг во ноември минатата година, по лансирањето на ракетата Artemis, шефот на НАСА Хауард Ху рече дека луѓето би можеле да живеат на Месечината во следната деценија. Тој рече: „Секако во оваа деценија ќе имаме луѓе кои ќе живеат таму“.
„Во зависност од тоа колку долго ќе бидеме на површината, тие ќе живеат, ќе имаат живеалишта, ќе имаат ровери на површината. Тоа е она на што работиме во НАСА, така што не само што можеме да работиме на испорака на луѓе на Месечината, туку таму ќе ги доведеме и нив и инфраструктурата“.