ЈАВЕН ОГЛАС БРОЈ – 116/2023
1. УПР0101В01000 Советник за водење постапка во спроведување на урбанистичките планови, Одделение за спроведување на урбанистичките планови, Сектор за урбанизам и градежно земјиште(1)
Општи услови
- - да е државјанин на Република Македонија,
- - активно да го користи македонскиот јазик,
- - да е полнолетен,
- - да има општа здравствена способност за работното место,
- - со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана на вршење професија, дејност или должност.
Посебни услови
- - ниво на квалификациите VI А според Македонската рамка на квалификации и стекнати најмалку 240 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен, Архитектура, Урбанизам и планирање, Градежништво и водостопанство и Правни науки
- - најмалку 3 (три) години работно искуство во струката
Општи работни компетенции
- - решавање проблеми и одлучување за работи од својот делокруг
- - учење и развој
- - комуникација
- - остварување резултати
- - работење со други/тимска работа
- - стратешка свест
- - ориентираност кон странките/засегнати страни и
- - финансиско управување
Посебни работни компетенции
- - активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење
- - активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската унија (англиски, француски, германски)
Распоред на работно време
- - Работни денови понеделник-петок
- - Работни часови неделно 40
- - Работно време од 07:30 до 15:30
- - Опис за работното време cо почеток на работното време помеѓу 7:30 и 08:30 часот и завршеток на истото помеѓу 15:30 и 16:30 часот
Паричен нето износ на плата: 31.596,00 денари
НАПОМЕНА: Предвидени вработувања согласно годишниот план на институцијата за 2023 год. се : Македонец(ка) 1.