„Макпетрол“ е компанија која се наметнува како пример во својата грижа за вработените. Трошоците за вработените во првите три месеци годинава се зголемени за 25 отсто и тоа во услови кога приходите се исти или поточно минимално намалени, а добивката е пониска за 39 отсто. Токму низ овие факт се гледа посветеноста кон вработените
„Макпетрол“ поставува нови стандарди во грижата за своите вработени. Многу е веројатно дека неговите вработени се лојални, добро мотивирани и возвраќаат со зголемена продуктивност кон својата компанија.
Официјалните податоци од билансот за успег на првите три месеци годинава покажуваат дека „Макпетрол“ за своите вработени исплатил вкупно 6,2 милиони евра и тоа е 25 отсто повеќе од истиот период лани. Зголемувањето на трошоците за вработените е за 1,2 милиони евра во споредба со истиот период лани. Струкурата на трошоците во билансот на успех покажува дека трошокот за вработените е најголема ставка , секако доколку се изземе вредноста платена за набавка на трговски стоки кои компанијата ги продава на своите бензински станици и складишта за горива.
Вкупниот приход од продажба за првите три месеци изнесува 111,9 милиони евра и е на речиси идентично ниво како и истиот период претходната година. При тоа , повторно, на домашниот пазар се реализирани 107,2 милиони евра и неговото учество е целосно доминантно во структурата на вкупните приходи.
Вкупните оперативни расходи на компанијата која е најголем продавач на нафтени деривати во Македонија изнесуваат 110,9 милиони евра.
Важно е да се напомене дека во првиот квартал годинава „Макпетрол“ одлично приходуваше од разликата меѓу финансиските приходи и финансиските расходи. Поконкретно финансиските приходи изнесуваат 860.000 евра и во споредба со истиот период лани се повисоки за 2,7 пати.
Финансиските приходи ја зголемија добивката на компанијата за 754.000 евра колку што изнесува нето разликата меѓу финансиските приходи и финансиските расходи.
Нето добивката на крај на март годинава изнесува 1,92 милиони евра и во споредба со истиот период лани е пониска за 39 отсто. Овбој резултат не е неочекуван затоа што токму „Макпетрол“ го најави во својот финансиски план за годинава објавен неодамна. Во документот беше наведено дека компанијата очекува намалување на приходите, а истовремено ја зајакнува грижата за вработените преку зголемување на платите токму поради притисокот на инфлацијата.