
Mостот „Беласица“ кај Железничката станица во Скопје ќе биде затворен целосно за пешаци и за моторни возила се додека не се санираат штетите од пожарот кој го зафати долниот дел од мостот.
Пожарот избувна синоќа и беснееше до рано утрината. Причина бил дефект, односно опожарување на електричната и топловодната инсталација. Забраната е во сила додека не се направат сите проценки за штетата и потребата за санација.
Тим од градот и неколку професори од Градежниот факултет прават проценка на штетата. Во моментов има опасност од одронување на бетонски парчиња.