Намалувањето на работното време за иста плата кај нас ќе остане само сон.
Додека во Европа работната недела станува сè пократка, кај нас се заговара „осумдневна“ работна недела.
Со измените на Законот за работни односи, кој е во собраниска процедура, пратениците од власта предлагаат прекувремена работа на работниците, односно зголемување на работното време до 72 часа неделно.
Работодавците и синдикатите се согласни дека четиричасовната недела кај нас е далеку од реалноста со оглед на фактот што Владата воведува работно време од 60 часа во една недела, како пред 137 години
Работодавците во Шпанија, Нов Зеланд, Јапонија, но и во Данска и Исланд, веќе почнаа да практикуваат пократка работна недела за иста плата. Последна европска земја која ја скрати работната недела е Луксембург, а целта е да се привлече нова работна сила.
Во светот, работодавците имаат проблем да најдат работници, дури и кога ги зголемуваат платите и нудат стимулации. Така што немаат проблем со тоа да се намали работното време, а платата да остане иста само за да ги задржат работниците.
Праксата покажала дека во оние земји што вовеле четиридневна работна недела, вработените се помалку под стрес и се чувствуваат подобро, а работата и животот им се побалансирани. Работодавците пријавиле дека нивниот приход во голема мера останал ист и покрај еден работен ден помалку во текот на неделата, а за многумина дури и се зголемил во споредба со истиот период од претходната година.