Во оваа анкета одлучивме да ги прашаме граѓаните кои форми на награди можат да донесат радост и исполнување на вработените, освен она „традиционалното“ покачување на платите. На нашиот сајт го поставиме токму ова прашање: Ако не е покачување на платата, со каква награда би биле задоволни?
Во денешната брза и конкурентна работна средина, наградите често ги поврзуваме со покачување на платите. Иако зголемувањето на платата е несомнено примамливо, постојат и други начини на кои работодавачите можат да покажат ценење и да го зголемат задоволството од работата без само да се потпираат на парични стимулации. Значи, ако не е покачување на платата, со каква награда би биле задоволни?
Направивме анкета на оваа тема во која учествуваа 944 испитаници. Еве ги резултатите:
3% од испитаниците на прашањето „Ако не е покачување на платата, со какава награда би биле задоволни?“ одговориле дека би биле задоволни од Пофалба и признание пред колегите.
16% од испитаниците се изјасниле дека би биле задоволни од Платена обука.
Дури 40% или 376 од испитаниците одговориле дека ако не е покачување на платата би биле задоволни од Платен одмор од фирмата. Еден од коментарите гласи: „Ако не може повисока плата тогаш да си ја одмориме душата неколку дена...“
Најголем дел - односно 42% од испитаниците одговориле дека би биле задоволни од Унапредување - Повисока позиција, на што следи коментар од типот: „Унапредувањето носи и повисока плата“.
Додека зголемувањето на платата несомнено има свои заслуги, од суштинско значење е компаниите да препознаат дека алтернативните награди можат да бидат исто толку влијателни во поттикнувањето на задоволството од работата, ангажираноста и лојалноста. Истражувајќи ги неконвенционалните патишта, работодавачите можат да ги искористат различните потреби и желби на нивната работна сила, создавајќи добра работна средина.
Колку се не/задоволни вашите вработени и што мислат за работата во вашата компанија? Проверете на Pulser.mk