Инвеститорот Ворен Бафет во една реченица го објаснил вредносното вложување, стратегијата која му помогнала да го изгради своето богатство кое се мери во милијарди долари.
„Тоа што ви дава можност е тоа што другите луѓе прават глупави работи“, изјавил Бафет на овогодишниот собир на акционери на компанијата „Berkshire Hathaway“.
Вложувањето во вредност вообичаено се однесува на купувањето потенцијални акции или компании кога другите ги продаваат со попуст, а потоа ги чуваат за друг рок. Овој пристап довел до некои од најголемите вложувања на Бафет – особено кога другите биле во паника и продавале.
Во текот на финансиската криза во 2008 година, легендарниот инвеститор го купил „Bank of America“ којшто и натаму е еден од неговите најголеми холдинзи. Исто така тој стекнал акции од банкарскиот гигант „Goldman Sachsa“, но во меѓувреме ги продал.
Купувањето кога другите продавале во страв во голем дел му помогнал на „Berkshire“ да оствари поврат од неверојатни 3,787,464 отсто од 1965 до крајот на минатата година. Тоа е многу повеќе од придонес во индексот S&P 500 од 24,708 отсто во тој период.
„Светот се менува“
И, додека Бафет признава дека светот се менува, мисли дека постои можност во слични вложувања.
„За 58 години колку што го водам „Berkshire“ би рекол дека дојде до зголемување на бројот на луѓето кои прават глупави работи, а прават баш големи глупости“, рекол Бафет.
„Би сакал да се родам денес, да излезам со не премногу пари и да се надевам дека тоа ќе го претворам во многу пари“, им рекол Бафет на акционерите.
Чарли Мунгер, потпретседател на „Barkshire Hathaway“ и долгогодишна десна рака на Бафет има песимистички поглед на вредносното вложување.
„Мислам дека на вредните инвеститори ќе им биде потешко кога ги има толку повеќе за да се натпреваруваат за намалување на можностите“, изјавил Мунгер.
„Мојот совет е да ги цените инвестициите така што ќе се навикнете да живеете со помалку пари“.
Извор: supermen.tocka.com.mk