Оваа информација е важна, бидејки ако името на улицата ви е променето нема да можете д аизвадите нови документи без Уверение од град Скопје
Од МВР велат дека со одлука на Град Скопје променети се имињата на скопски улици, при што се селектирани 185 нови улици за кои е потребно Уверение од Град Скопје со цел утврдување на моменталната состојба со името на улицата со цел надминување на проблемите кои биле воочени веднаш по примената на имињата на новите улици.
„Министерството за внатрешни работи не беше консултирано од Град Скопје пред и кога била донесена одлука за промена на имињата на улиците, но има обврска веќе донесената одлука да ја спроведе. Граѓаните кои имаат закажан термин, а немаат уверение од Град Скопје не е потребно да закажуваат нов термин, бидејќи ќе бидат услужени. За семејство кое има 4 членови потребно е да се достави само една потврда, не е потребно поединечно да се достави посебна потврда за секој член“, велат од МВР.
Од Град Скопје велат дека барање за издавање на уверение за точна адреса е составен дел на управна постапка, согласно тоа и согласно член 93 од Законот за општа управна постапка, управната постапка во прв степен, поведена по барање, се издава најдоцна во рок од 30 дена од денот на нејзиното поднесување.
Листата со нови имиња на улиците е на следниов линк.
ИЗВОР СДК