Јавното сообраќајно претпријатие (ЈСП) - Скопје информира дека утре автобусите ќе возат по неделен возен ред поради државниот празник „Св. Кирил и Методиј“.
ЈСП Скопје соопшти дека билетарниците и центрите за персонализација нема да работат.
Би можело да ве интересира: Еве колку продолжени викенди ни остануваат во 2023 година!
-Жичарницата ќе работи вообичаено, односно од 10 до 20 часот, при што од 19 до 19.30 часот е последно возење од долу кон врвот, односно во 19.45 часот е последно возење од врвот надолу, информира ЈСП Скопје.