АБЕЕ, компанија специјализирана за напредни решенија за батерии за автомобилската индустрија, најави голема инвестиција во Македонија поради ефикасните процедури во земјата. Компанијата работи од 2019 година.
АБЕЕ, белгиска компанија, најави дека планира да произведува батерии за автомобили во ТИРЗ Кичево. Изградбата на производствени капацитети ќе започне во јануари 2021 година и се очекува да биде завршена до крајот на 2024 година. Се очекува државната помош обезбедена на компанијата да се врати во рок од три години по лице, иако не беа дадени конкретни бројки.
– Станува збор за брзорастечка компанија која вложува во напредни технологии. Севкупниот план е инвестиција од 40 милиони евра и 600 работни места. Просечната бруто плата ќе изнесува 1.500 евра. Она што особено ме радува е дека просечната возраст на вработени во оваа компанијата сега е од 30 до 35 години и тие доаѓаат од 23 националности. Компанијата привлекува таленти од цел свет и верувам дека и фабриката во Македонија ќе стане хаб во кој ќе се привлекуваат вакви таленти, особено млади луѓе – рече Јован Деспотовски – Директор на ТИРЗ
– Уверени сме дека основањето на оваа најсофремена фабрика ќе придонесе во економскиот раст на Македонија, додека се зацврстува позицијата на АБЕЕ како глобален лидер во индустријата за системи за управување со батерии – рече Ношин Омар – сопственик на компанијата АБЕЕ.
Во првата фаза се најавува вработување на 200 квалификувани работници, а максимум би се отвориле 600 работни места. Се наметнува прашањето, каде ќе се најдат овие работници со оглед на сериозниот недостиг на кадар со кој се соочува Македонија. Првично ќе се преземат работници од ТЕЦ Осломеј бидејќи до 2027 мора да се пренасочи во гасна централа, согласно регулативите на ЕУ, пренесуваат од Плус Инфо.
Целиот текст прочитајте го на plusinfo.mk